Познатиот македонски џез музичар, кој живее и работи во Белград, Васил Хаџиманов, со својот бенд го објави петтиот студиски албум „Can You Dig It“, кој за рекордни четири денови е снимен во Мостар.
Албумот содржи десет песни, од кои осум се авторски, една е македонската народна песна „Марика, мома убава“ и обработка на песната на Џон Скофилд „What it is“.
За песната „Кантри и вестерн“ („Country and Western“) е снимен кантри и вестерн спот, во духот на каубојските филмови.
Музичарите наликуваат на јунаците од Дивиот запад, придружени од атрактивни девојки кои ги претставуваат лесните жени од крајот на преријата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филип Димишковски е најдобар млад џез музичар за 2018
-
Промоција на албумот “Big City Scare” на Panda 5, новиот состав на Тони Китановски
-
Летно издание на „Musicology Barcaffè Sessions“: Angie Stone, Koop Oscar Orchestra и Bokante
-
Концертна промоција на „Мајчин јазик“: Албумот на Влатко Стефановски е инспиративно музичко патување (видео)




