Втората сезона на концертниот серијал на Musicology Barcaffè Sessions полека влегува во својата завршница, а финалниот печат ќе стави шведската атракција Koop Oscar Orchestra (ex Koop) кои настапуваат на 24 јуни и Bokante – супер џез бенр кои настапуваат на 26 јули. Посебно изненадување кое организаторите го чуваа за крај и последниот објавен изведувач е соул кралицатаAngie Stone, која настапува на 1 јули.
Два дена по концертот во Белград, Angie Stone настапува во Словенија, во Љубљана на 3 јули.
-Овие датуми веќе длабоко навлегуваат во летото, па интимната атмосфера по која е препознатлив „Musicology“ ќе се премести во клубот меѓу ѕидините на Калемегдан, Bitefartcafe Summer Stage,додека Angie Stone ќе настапи на тениските терени на Калемегдан.
Некогашниот член на прославеното електро џез дуо„Koop“, Oscar Simonsson, повторно доаѓа во Белград со својот нов состав Koop Oscar Orchestra. Тој вели дека настапите во живо може да ги поврзат луѓето подобро отколку било што друго. Koop Oscar Orchestra ќе настапи на 24 јуни во рамките на Musicology Barcaffè Sessions, и ќе изведат песни кои Simonsson ги напишал за Кoop, заедно со новите необјавени материјали.
-Суштината на музиката е да направите заеднички звук. Сите тие осамени луѓе на сцената со лаптопи кои се претвараат дека нешто работат во мене предизвикуваат тажни чувства, вели Оскар Симонсон.
Американската R&B и соул дива и моќен глас кој стои зад планетарниот хит “Wish I didn’t miss you“, Angie Stone, за прв пат настапува во Србија и во регионов, во рамките на Musicology Barcaffè Sessions, на 1 јули на тениските терени на Калемегдан. Два дена по концертот во Белград таа ќе настапи и во Љубљана на 3 јули.
Три пати е номинирана за Греми, со четири албуми кои влегоа во Топ 10 R&B албуми и еден кој заврши на прво место со преку 1,4 милиони албуми продадени во САД и 5 милиони продадени албуми ширум светот, Angie Stone со право може да се нарече една од најзначајните светски R&B и соул женски иозведувачи, а нејзиниот хит “Wish I didn’t miss you“ и понатаму е мошне слушан на нашиве простори.
Со музика почнала да се занимава покрај нејзиниот татко кој пеел во госпел квартет и кој малата Angie ја носел на настапите на госпел уметниците како “Singing Angels” и “Gospel Keynotes”. Ова сикуство во голема мера влијаело на стилот на Angie Stone и на нејзиниот впечатлив и единствен израз, кој со текот на годините ќе ја направи славна ширум светот. Малку е познато дека токму Angie Stone пеела придружни вокали на култниот албум на Leni Kravic, “5”. Нејзината кариера е лансирана во височините со првиот соло албум “Black Diamond” 1999 година кој влезе во првите десет најпродавани R&B албуми. После тоа Angie издаде уште четири мошне успешни албуми кои ги следена распродадени концерти ширум светот.
„Snarky Puppy“, планетарно познат џез бенд и добитник на Греми награда е расадник за музичари во иновативни нови проекти. Иако публиката посакува доаѓање на во моментов најпознатиот џез бенд на светот, Bokante повторно ќе ве потсети зошто Snarky Puppy ја носи тааа титула.
Основачот на легендарниот „Snarki“, Michael League, го формираше и џез супер бендот – Bokante и тие на 26 јули ќе настапат во Белград во летниот клуб Bitefartcafe на Калемегдан.
-Иако бендот е мулти-лингавлен, мулти-национален и мулит-генерациски меѓу себе се поврзани како музичари и како луѓе. Токму таа комуникација на нашите различни интуиции и менталитети е она што го создава звукот кој може да дојде до сечие срце во публиката ширум светот, истакнува Michael League.
Musicology Barcaffè Sessions претставува нов концепт на концертно-фестивалско исуство, на кој посетителите имаат можност да уживаат во интимни клубски настапи на големите џез, блуз, фанк и р & б ѕвезди кои обично настапуваат во поголеми простори. На овој начин се задржува тој интимен момент, контактот меѓу изведувачот и публиката кој се изгуби во големите сали и фестивали, додека на љубителите на квалитетниот звук им се нуди нешто што во регионот досега не можеле да искусат.
-Исклучително успешната прва година на концертниот серијал 2016 – 2017, која ја одбележаа распродадените концерти, посебната интимна атмосфера, како и дружењето на публиката со музичарите и ѕвездите по концертот, направи голем одек во Србија и во регионот така што токму овие рекации придонесоа Musicology Barcaffè Sessions оваа година да се прошири и во Словенија, велат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.