Утре се доделува наградата за најдобар млад џез музичар Golden oryx, во кафе-барот „Винил“ во Скопје.
Наградата годинава се доделува по втор пат, а настанот е дел од Скопскиот џез фестивал кој ќе се случува од 18 до 21 октомври.
Наградата „Златен Орикс“ за најдобар млад џез музичар, што втора година по ред ја доделува Скопски џез фестивал, ја доби 27-годишниот пијанист Филип Димишковски.
Доделувањето на наградата ќе се одржи утре, 16 октомври, во кафе-барот „Винил“, проследено со музички настап.
Димишковски започнал да учи пијано на возраст од 12 години, кај Игор Димовски. Подоцна посетува часови кај Дамир Имери, каде што се запознава со основите на џезот.
На 18 години веќе свири по локални клубови во Скопје во различни џез формации, со Тони Китановски, Александар Икономов и други. Гоце Стевковски Септет, Некст Ту Сајленс, Сара Мејс, Конкеринг Лајон и Љубојна се само дел од најзначајните бендови/музичари со кои има соработувано.
Има настапувано низ Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и други земји на Балканот, на фестивали како Сараево џез фестивал, Скопски џез фестивал, Банско џез фестивал и Д Фестивал.
Неговото име како изведувач се појавува на неколку албуми меѓу кои „Радио Љубојна“ на Љубојна, „Reflections” на Џоле Грујовски Квартет, потоа „Floating Through Space With Sarah Mace” и „Re:vision” на Fin Project.
Тоа што Димишковски нема формално музичко образование, не го спречиле во реализирањето на својот сон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филмскиот проект „М“ на Вардан Тозија со награда на копродукцискиот форум Агора
-
Наградата „Златен витез“ доделена на академик Влада Урошевиќ во Русија
-
Излезе од печат „Кумова слама“ од Славе Ѓорго Димоски, добитник на наградата „Антево перо“
-
„Исцелител“ освои награда од публиката на фестивал во Франција