Фудбалскиот клуб Работнички донесе одлука да донира финансиски средства за загрозените семејства по поплавите што се случија во околината на Скопје изминатиот викенд, објави клубот на својот официјален сајт. Истовремено, Работнички изразува големо жалење и сочувство за оние кои загубија дел од семејствата во оваа голема трагедија, како и несебична поддршка за надминување на проблемите на загрозените.
Раководството, стручниот штаб и фудбалерите на „романтичарите“ одлучија да одделат дел од своите месечни примања и несебично ќе ги донираат во хуманитарни цели.
Денеска, во пресрет на првиот натпревар од новата сезона, на гостувањето против Македонија ЃП, тимот на Работнички изрази и несебична поддршка за загрозените во поплавените подрачја, искрено надевајќи се дека многу брзо нивните животи ќе се вратат во нормален колосек.
Натпреварот во Ѓорче Петров заврши со победа на „романтичарите“ со 4-0. Стрелци на головите беа Најденов, Елмаз (два) и Кудијан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.