Македонскиот народен театар се приклучува на хуманитарната акција за помош на 15-годишната Сара Настеска од Охрид, кај која неодамна е дијагностицирана ANEMIA APLASTICA, болест што ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот, па неопходна е трансплантацијата на коскената срж.
За таа цел, Македонскиот народен театар одлучи претставата „Силјан Штркот шанца“ по текст на Дејан Дуковски и во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, што ќе биде изведена на редовниот репертоар на 31 октомври во 20 часот, да биде со хуманитарен карактер и средствата добиени со продажбата на билетите ќе бидат уплатени на сметката за помош на семејството Настески од Охрид.
Апелот за помош во јавноста го испрати семејството Настески, а нивниот 13-годишен син Виктор е единствен сроден донатор на коскена срцевина за Сара. Македонскиот народен театар сочувствува со загриженоста на семејството Настески и посакува успех на донаторската акција и на оперативниот зафат на младата Сара Настески
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.