| четврток, 6 декември 2018 |

Пораз од Данска за крај на европскиот шампионат Б-дивизија

Машката јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија Европското првенство – Б дивизија што се игра во Скопје го заврши на 16. место откако денеска го загуби дуелот за 15. позиција од Данска со 85:61 (16:17; 19:18; 27:10 и 23:16).
По изедначеното прво полувреме (35:35) нашите јуниори одиграа под очекуваното во третиот период, кој противникот го реши во своја корист со 17 поени и со тоа само ја навести победата. Најефикасен на натпреварот беше Ненад Димитријевиќ (Македонија) со 26 поени, додека кај победничката екипа најефикасен беше Силвестер Берг со 25 поени, а имаше и 11 скокови.
До крајот на шампионатот што се игра во Скопје остануваат да се одиграат уште неколку натпревари за пласман, а од денешната програма досега завршија дуелите: Чешка – Естонија 65:78 (за 7.место); Шкотска – Албанија 68:71 (за 21.место); Кипар – Република Ирска 56:72 (за 23.место); Белгија – Полска (за 5.место).

Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ од 21 часот се игра финалето меѓу Црна Гора и Украина, а од 18:45 часот играат Унгарија и Словачка во борбата за третото место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top