Македонската делегација предводена од Ана Богдановски ноќва го развиори нашето знаме на спектакуларното отворање на 31. Летни Олимписки Игри во Рио. Богдановски ќе ја претставува Македонија во пливање, а таа е дел од шесте спортисти кои ќе земат учество на овие игри.
На борилиштата низ Рио ќе се најдат вкупно шест спортисти. Првиот македонски спортист кој ќе настапи на игрите во Рио ќе биде стрелачката Нина Балабан која во дисциплината 10 метри-воздушна пушка, ќе се натпреварува денес од 13:30 часот по македонско време.
Пливачите Анастасија Богдановски и Марко Блажевски ќе ја претставуваат нашата земја на 8 август (понеделник во 18 часот) и 10 август (среда во 19 часот) , како и цудистката џудистката Катерина Николоска на 9 август (вторник во 15 часот), и атлетичарите Дрита Исљами и Ристе Пандев.
Покрај тоа, ќе имаме и четворица меѓу официјалните лица. Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе судат на натпреварите во ракомет, додека Зоран Поповски ќе дели правда на тенискиот турнир. Драган Начевски, пак, е делегат на ракометните натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.