Македонскиот репрезентативец и капитен, Војдан Стојановски и во наредната сезона може да биде дел од најсилното кошаркарско првенство во Европа, поточно АЦБ лигата.
Тој од 2015 година беше дел од МораБанк Андора, но по крајот на минатата сезона овој клуб неочекувано се откажа од неговите услуги со оправдување дека е прескап за нив. Сега за слободниот Војдан интерес покажува Севилја и во наредниот период може да падне договор, пренесуваат шпанските медиуми.
Бекот е само една од опциите за составот од Андалузија, но и играч кој е најмногу префериран од новит стратег Жан Табак.
Лани Војдан на 34 мечеви во АЦБ лигата имаше просек од 11,9 поени, 2,5 скока и 2,2 асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)
-
Ракитиќ откри како ја освоил убавата Ракел: Кога ја видов му реков на брат ми дека ќе ја оженам, а таа ме одби 30 пати
-
Севилја ќе ги тужи сите, од Витоло преку татко му па до Атлетико Мадрид
-
Стојановски: Две различни полувремиња, покажавме карактер