Еден од најдобрите хрватски фудбалери, Иван Ракитиќ кој веќе четврта сезона ги брани боите на Барселона, за порталот „Тhe Playerstribune“ до најмали детали открил како ја освоил својата сегашна сопруга, Шпанката Ракел. Тој ја здогледал убавата девојка уште првиот ден кога стигнал во Шпанија за да потпише за Севилја, но имал пеколно тешка задача за да ја убеди Ракел да излезе со него на состанок.
– Првата вечер кога стигнавме во Севилја за да го договориме трансферот со клубот, ја здогледав Ракел во барот во хотелот каде се сместив. Веднаш му реков на брат ми дека ќа ја оженам, а тој само иронично ми одговори – Добро, како ќе кажеш, така. Мислеше дека се шегувам. Следниот ден потпишав за Севилја, а во хотелот останав околу 3 месеци се додека на најдов куќа, вели Ракитиќ.
Иван иако тогаш говорел пет јазици, не зборувал шпански, па секој ден додека живеел во хотелот, седел во барот и пиел кафе и Фанта само за да ја види Ракел.
– Знаев да испијам неверојатен број кафиња и сокови, како би седел на шанкот. Проблемот беше во тоа што не можевме да разговараме и да се разбереме, како што велеша таа, како да сме Тарзан и Џејн, раскажал хрватскиот фудбалер.
– Ме одби најмалку 30 пати. Никогаш не кажа директно “не“, но секогаш велеше дека нема време или мора да оди дома после работа. Бев разочаран, па и покрај тоа што најдов стан, и понатаму одев во хотелот кај нејзе. Тогаш ми објасни, дека не сака да има ништо со фудбалерите, бидејќи тие потоа одат во друг клуб и таквите врски немаат перспектива. Не ми беше мило тоа што го слушам, но некој начин и ја сфаќав, продолжува Ракитиќ.
Но и покрај неговите бројни неупешни обиди, тој не бил спремен да се откаже од Ракел.
– Ми стигна порака од извор кој нема да го откријам дека таа е во хотелот со својата сестра и дека не е на смена. Отидов веднаш и повторно пробав. И кажав дека мора да ми даде шанса, дека сфаќам дека е со сестра и, но дека мора да излезе со мене, по што веднаш им предложив да одиме некаде заедно. Тие се согласија, а веднаш следниот ден бевме на ручек. Оттогаш со Ракел сме неразделни, открил тој.
Парот стапи во брак во април 2013 година, а сега ги имаат двете ќерки Алтеа и Адара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се разведуваат Коки и Росана
-
Вида гол, во четири часот наутро и пее серенада на својата сопруга, ова е нејзината реакција (Видео)
-
Таа е сопруга на лидерот на Северна Кореја: Животот на првата дама скриен од јавноста!
-
Смртта ги смири, а таа го сакаше и кога не беше славен – Како Меси заврши со сопругата Антонела