| четврток, 6 декември 2018 |

Севилја ќе ги тужи сите, од Витоло преку татко му па до Атлетико Мадрид

Шпанскиот прволигаш Севилjа ќе ги тужи фудбалерот Витоло, Атлетико Мадрид и Лас Палмас заради трансферот извршен пред неколку недели. Витоло потпиша петгодишен договор со Алетико, откако неколку дена претходно, Севилја и фудбалерот се договориле тој да го продолжи договорот.

Бидејќи екипата од Мадрид има забрана за трансфери во овој преоден рок, веднаш го позајми фудбалерот во Лас Палмас до крајот на оваа година. Играчот сам си го откупил договорот, но извесно е дека добил пари од „јорганџиите“ за тоа да го стори.

Севилја ангажираше правен тим околу трансферот на Витоло и убедена е дека може да го добие случајот. Најавена е тужба против таткото на Витоло, агенцијата „Бахија“, Атлетико Мадрид и Лас Палмас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top