| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев: Ова се последни квалификации за мене

pandev

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев имаше лоша сезона во дресот на Џенова минатата година, со оглед на тоа дека не успеа да се запише во листата на стрелци во Серија А. Проблемите со повреди и пронаоѓањето на формата одзедоа голем дел од оваа година за Горан Пандев, но тој истакна дека минатата сезона е заборавена, со надеж дека оваа ќе биде повеќе од успешна, на неколку полиња.

– Дојдов од една лоша сезона во Галатасарај и во изминатиот период работев на физичката и на психолошката подготвеност. Но, потоа дојдоа повредите и минатата сезона беше многу лоша за мене. Но, ја оставам зад себе, да биде заборавена. Се обидувам да му помогнам на тимот максимално. Во мојата кариера секогаш настапував на страничните напаѓачки позиции, и мојата неприродна улога во Галатасарај ми ја влоши формата, а во новиот систем на Џенова можам да играм и зад напаѓачите. Со оваа група фудбалери се чувствувам млад и сѐ уште силен фудбалер – истакна Пандев за италијанските медиуми.

Италија е во група со Македонија во квалификациите за СП 2018, па и тоа беше тема на разговор. Пандев испрати пофални зборови за своите соиграчи од репрезентацијата на Македонија, додавајќи дека ова се последни квалификации за него.

– Македонската репрезентација е составена од млади фудбалери, кои остварија лоши резултати на изминатите квалификации за Европското првенство во Франција. Сакам да помогнам, и овие квалификации ќе бидат последни за мене. Ќе се обидеме да не завршиме последни во групата – заврши Пандев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top