| четврток, 6 декември 2018 |

Гумена бомбона му го залепи дишникот на 7-годишно момче, докторите едвај го спасија

Растопена гумена бомбона залепена за неговиот дишник неодамна беше отстранета од дишникот на седумгодишно момче од Задар. Успешниот подвиг за спасување на детето бил направен на Клиниката за уво, нос и грло во Сплит.

Детето два дена пред интервецијата почнало да кашла, па педијатарот му препорачал антибиотици. И поклрај тоа, тоа кренало 39 степени температура. Бидејќи состојбата не му се подобрувала, го испратиле на нови испитувања.

Сниката покажала дека во неговото десно белодробно крило има непознато тело. Гумената бомбона со недели се топела и се создала во црна леплива маса. Докторите, сепак, со помош на бронхоскопски фаќалки успеале да го исчистат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top