На социјалните мрежи кружи видео-снимка на која се гледа како сириски бунтовници отсекуваат глава на едно дете, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
На снимката се гледа како детето лежи позади во камионетот, а потоа еден припадник на ИСИС му ја отсекува главата, пренесе агецнијата „АФП“.
Опсерваторијата со седиште во Лондон потврди дека на снимката се бунтовниците на ИСИС.
На втората видео снимка направена пред погубувањето околу детето седат бунтовници кои го обвинуваат дека е припадник на бригадата Ал Кудс, палестинска група која се бори на страната на режимските сили.
Како што се наведува, детето било заробено северно од вториот сириски град по големина Алепо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.