По поднесен обвинителен акт од Основното јавно обвинителство – Велес, Советот за оцена на обвинителните акти при Основниот суд – Велес донесе Решение со кое е одобрен Обвинителниот акт поднесен против тројца лекари – еден анестезиолог и двајца гинеколози.
Обвинението беше поднесено поради нивно несовесно постапување на 22.10.2015 година, при породување на пациентка во ЈЗУ Општа болница Гевгелија, што резултираше со смрт на родилката и на нејзиното новородено. Решението за одобрување на Обвинителниот акт е донесено по приговорите поднесени од страна на обвинетите и нивните бранители.
За потсетување, по спроведената истражна постапка против четири лица, Основното јавно обвинителство – Велес во Основниот суд во Велес поднесе обвинение против Т.В., лекар специјалист–анестезиолог вработен во ЈЗУ Општа болница – Гевгелија, В.Ч. и Д.М., лекари-специјалисти по гинекологија и акушерство вработени во ЈЗУ Општа болница – Струмица. Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело тешки дела против здравјето на луѓето.
Обвинителството донесе Наредба за запирање на истражната постапка што се водеше против четвртото осомничено лице, кое во меѓувреме почина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)