Раководните лица на актуелниот шампион на Македонија, ФК Вардар, преку официјално соопштение реагираат на неколкуте текстови кои се објавени на порталот на НОВА ТВ и кои имаат за цел да ги нарушат имиџот на македонскиот спортски симбол.
Демантот од ФК Вардар ви го пренесуваме интегрално.
Почитувани поддржувачи на македонскиот спорт, драги симпатизери во изминатиот период управата на ФК Вардар заедно со сопственикот Сергеј Самсоненко беше мета на инволвирање во политички манипулации од страна на веб порталот НОВА ТВ.
Денешниот текст е трет по ред конструиран медиумски електронски запис кој редакцијата на НОВА ТВ има за цел да го инволвира Вардар во негативна конотација, и да го наруши имиџот на сопственикот Сергеј Самсоненко.
Првиот медиумски напад беше за изградба на СЦ “Јане Сандански“, кој денес е еден од најелитните комплекси во Европа за ракомет, вториот беше за изградба на фудбалската академија на Вардар за дечиња до 14 години во Градскиот парк и третиот е горенаведениот линк.
Денешниот линк на НОВА ТВ, Вардар го демантира во целост и секторот за односи со јавност има за цел да ја објасни реалната состојба на настаните.
Славење за поразот немаше и никогаш нема да се слави за натпревар каде Вардар не е победник.
Целата македонска јавност присутна на стадионот која го следеше натпреварот го виде квалитетот и потенцијалот на ФК Вардар.
Првото квалификациско коло не е завршено, Вардар има реванш натпревар во Загреб за кој веќе се подготвува преку тренажен процес и видео анализи на противникот.
Точно е дека Вардар на највисоко ниво ги пречекува гостите како во ракометот така и во фудбалот. Вечера помеѓу управата на Динамо Загреб и управата на ФК Вардар имаше ДЕН ПРЕД НАТПРЕВАРОТ, и таму беа присутни претседателите, директорите и главните спонзори. Атмосферата беше еуфорична како и секоја каде Вардар достојно ја претставува гостопримливоста на македонскиот народ.
ФК Вардар остро демантира дека персонално г. Сергеј Самсоненко искршил 50 тањири или други предмети кои се прибор во угостителството.
За еуфоричната атмосфера коментираа и дел од хрватските медиуми каде немаат за цел да обвинат некого или да ги нарушат односите или да го нарушат имиџот на клубовите.
ФК Вардар апелира до редакцијата на веб порталот НОВА ТВ да престане да го нарушува имиџот на најголемиот спортски бренд во Македонија. Вардар чија управа и менаџмент се стремат за европски успеси, а реализираа инфраструктура по светски стандарди со професионални младински организации.
Ние сме спортски клуб кој нема никаква врска со вашата политичка основа и неколку пати не ги коментиравме вашите текстови.
Вардар има потреба од реална критика кога постојат факти со цел да ги подобриме нашите организациски дејствија, но во услови на реални прогреси Ве молиме не мешајте не во Вашите политики каде ние не припаѓаме. Ние работиме спорт, не политика, стои во демантот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.