Жената која пред германскиот суд одговара за чедоморство во кое се убиени осум бебиња, денеска призна дека убила повеќе новороденчиња, но не се сеќава колку.
На прашањето колку бебиња убила, нејзиниот адвокат изјавил дека е можно лично да убила „меѓу две и четири“.
Андреа Гепнер, 45 години е обвинета за четири убиства, откако беа пронајдени остатоци од четири бебиња, замотани во пешкири и пластични кеси, во случај кој минатата година ја тресеше цела Германија, пренесува „АФП“.
Обвинителите може да го продолжат судењето на основа на обвинителниот акт дека убила четири бебиња, за едно бебе е утврдено дека е родено мртво, а за три бебиња е нејасна причината и моментот на смртта поради исклучително лошата состојба на посмртните останки.
Нејзиниот поранешен сопруг Џон Гапнер, 55 години е обвинет за соучество затоа што бил свесен за бременоста и породувањето, а не се обидел да го спречи чедоморството од 2003 д0 2013 година.
Иако не сакале деца, тие не користеле контрацепција, а жената била 10 години во континуитет бремена.
Во своето признание мајката изјавила дека родила осум бебиња, потоа ги завиткала во пешкир, а потоа ако некое мрдало или плачело, ги задушувала, ги ставала во пешкир па во пластична кеса и ги криела по станот.
Пресудата треба да биде изречена утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија