Хрватскиот репрезентативец и еден од најдобри фудбалери на Динамо Загреб, Марко Пјаца нема да игра вечерва против Вардар на „Филип Втори“ во Скопје, во 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите, тврдат хрватските медиуми.
И покрај тоа што Златко Крањчар го доведе Пјаца во Скопје, сепак нема да игра затоа што наводно веќе потпишал договор за трансфер во Јувентус, а „Старата дама“ барала да не биде во тимот за дуелите против Вардар. Врз основа на веќе склучениот договор, Динамо Загреб треба да добие 20 милиони евра за овој трансфер, плус пет милиони низ бонуси.
Од Динамо Загреб тврдат дека Пјаца има и здравствени проблеми, па и поради тоа е неизвесен за средбата на „Филип Втори“. А, генералната приказна е и дека Златко Крањчар, иако сосема свесен дека нема да може да смета на неговите услуги, сакал да биде со тимот во Скопје како дополнителен мотив за соиграчите во желбата да се стигне до позитивен резултат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.