Напаѓачот на Јувентус, Федерико Бернардеси, изјави дека неговиот тимски колега Кристијано Роналдо е најдобар играч во светот.
На вчерашниот натпревар од петтото коло на италијанскиот шампионат против Фросиноне (2:0), Роналдо и Бернардески постигнаа голови.
– Одиграв добро, сакам да продолжам во истиот дух. Сезоната е долга, има уште многу натпревари. Роналдо? За мене тој е најдобриот играч на светот. Тој е одличен фудбалер и човек. Кристијано е многу важен за нас, изјави Бернардески.
Јувентус има извонреден старт во Серија А со максимални пет победи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.