Обвинителството и полицијата отвориле истрага за овој страшен случај, кој ги ужаснал жителите на Јасеница. Алибабиќ и Јакупи биле приведени набрзо по злосторството.
За настанот се дознало минатата сабота, кога Санда Алибабиќ повикала Итна помош во Јасеница, за да пријави дека девојчето паднало на парно и се повредило.
Медицинските работници ја виделе ужасната слика од претепано дете, и безуспешно се обиделе да го одржат во живот. Од болницата во Јасеница со хеликоптер Арина итно била пренесена во Клиничкиот центар во Љубљана.
Таткото на Арина, Сенад Кардашевиќ, е во шок поради смртта на девојчето, а со Санда Алибабиќ има четири ќерки. Санда го оставила во декември минатата година и започнала врска со Мирза Јакупи. Двете постари ќерки останале со својот татко, а двете помлади ги земала Санда.
Истрагата ќе покаже под кои околности било извршено злосторството над 2-годишното дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.