Десетгодишниот Ајра Пермана од Индонезија со своите 192 килограми, стана најдебелото дете на светот. Ајра јаде пет пати дневно, а оброците му се базираат на ориз, риба, говедско и зеленчук.

Тој престанал да посетува училиште, бидејќи поради дебелината не можело да оди, а неговата мајка вели дека цело време гладен.

– Тој за еден оброк јаде колку што јадат две возрасни лица. Секогаш е уморен и се жали дека не може да диши како што треба. Само јаде и спие или со часови се капе во големата када – вели Рокаја, мајката на Арја.

Неговите родители се одлучиле да му ја ограничат храната, за неговото здравје да не се влошува дополнително.

– Нашиот син расте многу брзо и згрижени сме за неговото здравје, мора да го спречиме да јаде толку многу. Тој може да направи само неколку мали чекори и веднаш губи рамнотежа. Сакаме да биде здрав и да оди во училиште со своите врсници – велат родителите на детето.

Арја е роден со 3.200 грама, меѓутоа до својата втора година достигнал абнормална тежина која подоцна само се зголемувала, што довело до тоа да не може да оди, а да не се измори по неколку чекори.

Родителите наведуваат дека немаат доволно пари да го одведат Ајра во подобра болница за посебни третмани, кои би овозможиле постепено губење на тежината, а во селската болница им кажале дека сè е во ред со нивниот син.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


