Секој македонски граѓанин годишно пие по две литри вино и литар ракија, пишува српски Нови магазин повикувајќи се на податоци од Државниот завод за статистика.
Според податоците на ДЗС, македонските граѓани за алкохол лани потрошиле 28,33 милиони евра, или просечно, во Македонија секој ден се трошат по 77,610 евра за алкохолни пијалоци.
Најпродаван алкохол бил виното со 15,2 проценти од малопродажбата на алкохол, односно 4 милиони евра. За ракија биле потрошени 3,25 милиони евра, односно 12,4 проценти од вкупниот промет. За пиво и други обоени алкохолни пијалоци Македонците потрошиле 21 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.