НАСА ги повика сите заинтересирани да ги приложат своите имиња и лични пораки на интернет страницата „Одиме на Марс”. Тие потоа ќе бидат снимени на ДВД и испратени со вселенско летало кое ќе ја истражува атмосферата на Марс.
Патот на вселенскиот брод на НАСА кој ќе лета кон Марс, планиран е за ноември оваа година.
На ДВД-то ќе се наоѓа секое доставено име и соодветната порака која мора да биде со должина до три реда (како песна или текст). Крајниот рок е први јули, а гласањето за најдобрите три песни ќе започне на 15 јули.
За учествување во кампањата „Одиме на Марс”, потребно е да ја посетите истоимената страница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.