| четврток, 6 декември 2018 |

Пратете го своето име и одиме на Марс

НАСА ги повика сите заинтересирани да ги приложат своите имиња и лични пораки на интернет страницата „Одиме на Марс”. Тие потоа ќе бидат снимени на ДВД и испратени со вселенско летало кое ќе ја истражува атмосферата на Марс.

Патот на вселенскиот брод на НАСА кој ќе лета кон Марс, планиран е за ноември оваа година.

На ДВД-то ќе се наоѓа секое доставено име и соодветната порака која мора да биде со должина до три реда (како песна или текст). Крајниот рок е први јули, а гласањето за најдобрите три песни ќе започне на 15 јули.

За учествување во кампањата  „Одиме на Марс”, потребно е да ја посетите истоимената страница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top