| четврток, 6 декември 2018 |

Ни злат­на рип­ка не мо­же да ги ис­пол­ни си­те жел­би на СДСМ

 

Ненад Мирчевски

Ненад Мирчевски

 

На по­че­то­кот на ме­се­цот опо­зи­ци­ја­та пла­че­ше за од­ло­жу­ва­ње на из­бо­ри­те на­де­вај­ќи се де­ка ќе про­дол­жи да учес­тву­ва во вла­ста без одо­бре­ние од гра­ѓа­ни­те. Но, ко­га ми­ни­стри­те ѝ беа исфр­ле­ни на ули­ца (по нив­но ба­ра­ње), по­втор­но поч­на да мо­ли кај стран­ци­те за но­ва тех­нич­ка вла­да. Ду­ри и бе­ше убе­де­на де­ка до кра­јот на ју­ни ќе се вра­ти во ми­ни­стер­ски­те фо­тел­ји. Би­деј­ќи овој пат не ус­пе­а да ги на­мо­ли да ѝ ја ис­пол­нат жел­ба­та, се ре­ши­ и ова ле­то да го на­пу­шти Со­бра­ни­е­то и да оди на ко­ле­кти­вен од­мор. Се раз­би­ра, и овој пат на сме­тка на гра­ѓа­ни­те.

До­де­ка се че­ка стран­ска до­на­ци­ја и но­ва злат­на рип­ка, пре­ку пла­те­нич­ка­та ре­во­лу­ци­ја се из­мис­лу­ва­ат раз­ни уце­ни и ба­ра­ња за ве­штач­ко одр­жу­ва­ње на кри­за­та. За да се соз­да­де сли­ка де­ка „ре­во­лу­ци­о­не­ри­те“ се на ули­ца, а не на пла­жа, се ис­по­ра­ча ул­ти­ма­тум до Устав­ни­от суд за по­зи­тив­но из­јас­ну­ва­ње во вр­ска со ини­ци­ја­ти­ва­та за ле­ги­тим­но­ста на СЈО. Ро­кот по­ми­на, но не се слу­чи ни­што. Се­га, на кра­јот на ме­се­цот, по­втор­но „ѝ свет­на“ но­ва иде­ја – са­ка­ла и спе­ци­ја­лен суд. На жел­би­те и на лу­ди­ло­то им не­ма крај. Којз­нае што ќе ѝ тек­не во ју­ли и во август ко­га ќе ја удри сон­це­то в гла­ва. А којз­нае, мо­же­би и, на­ви­сти­на, ќе уло­ви не­ко­ја злат­на рип­ка. Но, ше­га­та на­стра­на.

Глу­ме­ње­то ин­те­рес за бр­зи из­бо­ри и по­сто­ја­но­то по­ста­ву­ва­ње но­ви, на­луд­ни­ча­ви ус­ло­ви за нив­но одр­жу­ва­ње, ед­но­став­но, не одат ед­но со дру­го. Ва­кви­те кон­тра­ди­ктор­ни ба­ра­ња по­ка­жу­ва­ат де­ка ду­ри ни таа са­ма­та не зна­е што са­ка или, пак, че­ка од сво­и­те стран­ски мен­то­ри да ѝ ка­жат што по­на­та­му.

До тер­ми­нот што го спо­ме­ну­ва опо­зи­ци­ја­та има че­ти­ри ме­се­ци. Исто кол­ку што има­ше до 5 ју­ни, ко­га прв­пат се од­ло­жи до­го­во­ре­ни­от тер­мин за из­бо­ри во Пр­жи­но. Пр­во­то ло­гич­но пра­ша­ње на кое За­ев тре­ба да од­го­во­ри е ка­ко мо­же из­би­рач­ки­от спи­сок да се про­чи­сти во пер­и­о­дот што прет­стои, а не мо­же­ше од фе­вру­а­ри до ју­ни? Ако За­ев приз­на­ва де­ка е мож­но во пер­и­од од че­ти­ри ме­се­ци да се обез­бе­ди ве­ро­до­сто­ен из­би­рач­ки спи­сок, то­гаш се по­ста­ву­ва пра­ша­ње­то зо­што ДИК не го про­чи­сти спи­со­кот за из­бо­ри­те на 5 ју­ни? Кој и зо­што ја бој­ко­ти­ра­ше ра­бо­та­та на ко­ми­си­ја­та? Да не за­бо­ра­ви­ме, опо­зи­ци­о­не­ри­те ду­ри ба­раа из­бо­ри­те да се одр­жат по спро­ве­ду­ва­ње по­пис за спи­со­кот да бил ве­ро­до­сто­ен! Е, се­га отка­ко кур­ту­ли­ја од из­бо­ри на 5 ју­ни, по­втор­но мо­же да се чи­сти спи­со­кот без по­пис.

Со ог­лед на фа­ктот де­ка опо­зи­ци­ја­та по којз­нае кој пат се отка­жа и од сво­јот пред­лог за актив­на ре­ги­стра­ци­ја на гла­са­чи­те (кој до 5 ју­ни твр­де­ше де­ка го од­би­ла ВМРО-ДПМНЕ), единс­тве­ни­от на­чин да се одр­жат из­бо­ри во но­ем­ври е За­ев да го при­фа­ти ба­ра­ње­то на  ВМРО-ДПМНЕ и да да­де цвр­ста га­ран­ци­ја, од­нос­но да по­твр­ди де­ка из­би­рач­ки­от спи­сок е чист. Но, ме­сто га­ран­ци­ја, За­ев и СДСМ по­втор­но си игра­ат ве­се­ла ма­те­ма­ти­ка со спор­ни гла­са­чи и не­по­треб­но одол­жу­ва­ат. Цел­та е јас­на и ве­ќе два­па­ти ви­де­на. За­ев са­ка по­втор­но да се вгнез­ди во вла­ста, но и по трет­пат да си оста­ви про­стор да из­бе­га од со­о­чу­ва­ње со на­ро­дот на­е­сен.

Тоа што не му оди в при­лог е приб­ли­жу­ва­ње­то на ло­кал­ни­те из­бо­ри, кои тре­ба да се одр­жат во март в го­ди­на, па по­ра­ди тоа не мо­же да се из­жи­ву­ва со на­ро­дот и со др­жа­ва­та до бе­ско­неч­ност. Гра­до­на­чал­нич­ка­та функ­ци­ја во Стру­ми­ца е од огром­но зна­че­ње за мат­ни­от биз­нис на кла­нот За­е­ви, мно­гу по­важ­на од пра­те­нич­ко­то стол­че, ду­ри и од ми­ни­стер­ски­те ме­ста во не­ка­ква тех­нич­ка вла­да. Та­ка што, што и да се слу­чи, За­ев, си­гур­но, не­ма да ги бој­ко­ти­ра ло­кал­ни­те из­бо­ри и по се­ко­ја це­на ќе се оби­де да го до­бие че­твр­ти­от гра­до­на­чал­нич­ки ман­дат. Но, кол­ку што по­го­ле­ма ште­та ѝ пра­ви на др­жа­ва­та и кол­ку што по­ве­ќе бе­га од на­ро­дот, тол­ку е по­си­гур­но де­ка СДСМ ќе до­жи­вее го­лем де­бакл, а За­ев ќе ја за­гу­би и Стру­ми­ца.

Од овие при­чи­ни мо­же да оче­ку­ва­ме де­ка кри­за­та ќе за­вр­ши нај­ра­но на­е­сен, или нај­доц­на до март в го­ди­на, ко­га по­ве­ќе од си­гур­но СДСМ ќе го до­жи­вее нај­го­ле­ми­от по­раз во сво­е­то по­сто­е­ње.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top