| четврток, 6 декември 2018 |

Бебето Најден ќе добие ново јазиче

bebeБебето Најден кое минатиот месец беше фрлено во двор во скопско Арачиново со отсечен јазик, ќе добие ново јазиче, соопштија од детската клиника каде што е згрижено бебето.

Тим од американски лекари, кои деновиве престојуваат во Скопје се нафатиле да извршат хируршки зафат со кој Најден ќе добие ново јазиче. Лекарите утврдиле дека поголем дел од јазикот му е отсечен и речиси нефункционален, а по оперативниот зафат ќе може непречено да се храни и да зборува. Бебето беше пронајдено во Арачиново на седми април. Беше пронајдено во грмушка во двор од куќа во тешка здравствена состојба и со пресечено јазиче, а  откако беше згрижено во болница, лекарите му го дадоа името Најден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top