| четврток, 6 декември 2018 |

11 одбрани на Борко, осум гола на Кире

Germany v Macedonia - Round Of Sixteen - Men's Handball World Championship 2013Голманот Борко Ристовски забележа 11 одрбани кои не беа доволни да се избегне поразот од селекцијата на Германија на СП во ракомет во Шпанија. Со овој пораз Германците ни ги спакуваа куферите и не испратија дома. Никола Митревски зад своето име запиша две одбрани. Кире Лазаров беше најефикасен, со 8 погодоци. Потоа следуваат Филип Лазаров, Наум Мојсовски и Дејан Манасков со по три погодоци, Владимир Темелков и Гоце Горгиевски со по два постигнати гола, а по еден погодок имаа Никола Марковски иФилип Миркуловски. Македонија заработи 6 исклучувања по 2 минути, а  ги искористи двата досудени седмерци. Германија ја совлада Македонија со 28:23 (13:9).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top