Голманот Борко Ристовски забележа 11 одрбани кои не беа доволни да се избегне поразот од селекцијата на Германија на СП во ракомет во Шпанија. Со овој пораз Германците ни ги спакуваа куферите и не испратија дома. Никола Митревски зад своето име запиша две одбрани. Кире Лазаров беше најефикасен, со 8 погодоци. Потоа следуваат Филип Лазаров, Наум Мојсовски и Дејан Манасков со по три погодоци, Владимир Темелков и Гоце Горгиевски со по два постигнати гола, а по еден погодок имаа Никола Марковски иФилип Миркуловски. Македонија заработи 6 исклучувања по 2 минути, а ги искористи двата досудени седмерци. Германија ја совлада Македонија со 28:23 (13:9).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


