| четврток, 6 декември 2018 |

Але­ксан­дра Ја­не­ва: Поч­нав да пе­ам пред да на­у­чам да збо­ру­вам

Вто­ра по­бе­да на „Ма­кфест“ за мла­да­та стру­ми­чан­ка Але­ксан­дра Ја­не­ва. Овој пат по­бе­да­та ѝ ја до­не­се пес­на­та „За сто го­ди­ни“, од исти­те авто­ри со кои пред три го­ди­ни ка­ко де­би­тант дој­де до пр­ва­та ста­ту­е­тка. Во неј­зи­ни ра­це за­ми­на и на­гра­да­та што за мно­гу­ми­на е по­важ­на од пр­во­то ме­сто, приз­на­ни­е­то за во­кал­на ин­тер­пре­та­ци­ја „Дра­ган Ка­ран­фи­лов­ски-Бојс“.

Дел од пуб­ли­ка­та ја за­поз­на Але­ксан­дра и пре­ку шо­у­то за та­лен­ти „Си­те на­ши пес­ни“ на Ма­ке­дон­ска­та ра­дио-те­ле­ви­зи­ја, на кое, исто та­ка, бе­ше ед­на од по­бед­нич­ки­те.

При­ват­но, таа е сту­ден­тка на Сто­ма­то­ло­шки­от фа­кул­тет во Скоп­је, а сло­бод­но­то вре­ме обо­жа­ва да го по­ми­ну­ва со најб­ли­ски­те лу­ѓе, ка­ко што ве­ли, да се ис­лу­ша­ат и по­со­ве­ту­ва­ат ме­ѓу­себ­но. Ги обо­жа­ва ча­со­ви­те по пе­е­ње, на­ста­пи­те во жи­во и про­ше­тки­те во при­ро­да.

Ве­ли де­ка се­којд­нев­но ра­бо­ти на се­бе за да би­де по­до­бар во­кал и пе­јач, а по­зи­тив­на­та енер­ги­ја е тоа што ја хра­ни се­којд­нев­но.

aleksandara-janeva-03

Ти­мот што по­бе­ду­ва не се ме­ну­ва. Со Ри­сто Са­мар­џи­ев и со Вла­ди­мир Дој­чи­нов­ски по­втор­но го осво­и­вте „Ма­кфест“. Што бе­ше раз­лич­но овој­пат?

Ја­не­ва: Трг­ну­вај­ќи од се­бе, мно­гу не­шта се по­раз­лич­ни. 2013 бе­ше го­ди­на на де­би­ти­ра­ње на фе­сти­вал и пр­вич­но за­поз­на­ва­ње со по­ши­ро­ка­та ма­ке­дон­ска пуб­ли­ка. По три го­ди­ни и трој­ца­та ве­ќе мно­гу по­до­бро се поз­на­ва­ме ка­ра­ктер­но и спо­ред тоа имав­ме ед­на по­го­ле­ма, по­комп­лет­на ви­зи­ја за ком­по­зи­ци­ја­та, а во­ед­но и за ин­тер­пре­та­ци­ја­та. Се­којд­нев­но ра­бо­там на усо­вр­шу­ва­ње и на­пре­до­кот го гле­да­ат и ко­мен­ти­ра­ат си­те што буд­но ме сле­дат уште од са­ми­от по­че­ток, та­ка што ве­ру­вам де­ка го­ди­на­ва им сер­ви­рав ед­но да­ле­ку по­си­гур­но и по­зре­ло из­да­ние од пред три го­ди­ни.

Ре­че де­ка не­кол­ку де­на прет­ход­но си прет­чув­ству­ва­ла де­ка ќе по­бе­диш?

Ја­не­ва: На пр­ва­та по­лу­фи­нал­на ве­чер не­ка­ко не се чув­ству­вав нај­до­бро, тоа вли­ја­е­ше и на са­ма­та ин­тер­пре­та­ци­ја. И обич­но ко­га имам гру­тка во гр­ло­то, пла­чам, се нер­ви­рам или сум пре­воз­бу­де­на во те­кот на це­ли­от ден, а, на­про­тив, ми се слу­чу­ва­ат мно­гу уба­ви ра­бо­ти. Су­е­ве­рие или не, ми се слу­чи­ло мно­гу па­ти (се смее).
Кол­ку ти зна­чи дру­га­та на­гра­да, онаа за во­кал­на ин­тер­пре­та­ци­ја „Дра­ган Ка­ран­фи­лов­ски-Бојс“?

Ја­не­ва: На ин­тер­пре­та­ци­ја­та ра­бо­там се­којд­нев­но, таа на­гра­да ми е нај­го­ле­мо приз­на­ние ка­ко пе­јач­ка и за­тоа мо­жам да ка­жам де­ка ми е нај­дра­га. И, се­ка­ко, уште по­ве­ќе ме ра­ду­ва тоа што пуб­ли­ка­та уште ед­наш ги по­чув­ству­ва енер­ги­ја­та и емо­ци­ја­та, и ре­а­ги­ра­ше по­зи­тив­но.

Поз­на­та си по моќ­ни­те во­кал­ни на­ста­пи, но и де­ка нај­че­сто ба­ла­ди­те се тво­јот из­бор. Зо­што се­ко­гаш ги из­би­раш ток­му нив?

Ја­не­ва: Ве­ро­јат­но та­ква ми е бо­ја­та на гла­сот, пе­соч­на, мал­ку ме­лан­хо­лич­на, по­год­на за до­ло­ву­ва­ње ба­ла­ди и при­каз­ни­те во нив. Нор­мал­но, вли­ја­ние има и со­ул-му­зи­ка­та од свет­ска­та сце­на, но и ко­га ме ко­мен­ти­ра­ат, во очи­те на пуб­ли­ка­та во се­кое мое дви­же­ње има при­лив на емо­ции.

Ти си ед­на од по­бед­нич­ки­те и на шо­у­то „Си­те на­ши ѕвез­ди“. Сме­таш ли де­ка тоа бе­ше ви­стин­ски­от на­чин на про­мо­ци­ја на тво­јот та­лент? 

Ја­не­ва: Од мар­ке­тин­шки ас­пект, не сум си­гур­на де­ка бе­ше ви­стин­ски­от за­тоа што мно­гу­ми­на не­маа слуш­на­то за шо­у­то и ги гле­даа сним­ки­те отка­ко тоа ве­ќе бе­ше за­вр­ше­но. Но, ка­ко искус­тво со ор­ке­ста­рот на МРТВ, за­поз­на­ва­ње­то и дру­же­ње­то со дру­ги­те нат­пре­ва­ру­ва­чи, бе­ше на­ви­сти­на огром­на пред­ност.

aleksandara-janeva-02

Сту­ден­тка си на Сто­ма­то­ло­шки­от фа­кул­тет, што те прив­ле­че да ја од­бе­реш ток­му таа про­фе­си­ја? Со ко­ја љу­бов ќе про­дол­жиш по­на­та­му, му­зи­ка­та или ме­ди­ци­на­та?

Ја­не­ва: Од ма­ла са­кав да ги гле­дам и им се вос­хи­ту­вав ка­ко ја ра­бо­теа сво­ја­та ра­бо­та, и тоа искре­но ме на­те­ра да се за­пи­шам на тој фа­кул­тет. Освен му­зи­ка­та ка­ко нај­ја­ка стра­на и оми­ле­но хо­би, за ни­ед­на дру­га ра­бо­та не сум пот­пол­но од­луч­на, но ве­ќе ка­ко сту­дент на тре­та го­ди­на си­гур­но си ја за­са­кав про­фе­си­ја­та. Мно­гу фа­кто­ри игра­ат уло­га, вре­ме­то ќе по­ка­же ка­де ќе би­дам по­ве­шта.

Ко­ја е тво­ја­та нај­го­ле­ма жи­вот­на страст, по­крај му­зи­ка­та и ме­ди­ци­на­та? 

Ја­не­ва: Поч­нав да пе­ам пред да на­у­чам да збо­ру­вам, на са­мо 1 го­ди­на и 2 ме­се­ци, та­ка што не­мам по­го­ле­ма страст од му­зи­ка­та.

Што пра­виш се­којд­нев­но за да се по­до­бриш са­ма­та се­бе, да би­деш по­до­бар чо­век, да во­диш по­ква­ли­те­тен жи­вот?

Ја­не­ва: Ја не­гу­вам сво­ја­та лич­ност, се ди­стан­ци­рам од не­га­тив­ни лу­ѓе и не­га­тив­ни ви­бра­ции и се фо­ку­си­рам на тоа што ми е важ­но и по­треб­но во жи­во­тот.

 

Пишува: Марина Костовска
(Текст објавен во 197. број на неделникот „Република“, 10.06.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top