| четврток, 6 декември 2018 |

„За сто години“ ѝ ја донесе втората макфестовска статуетка на Александра Јанева

2-17

Струмичанката Александра Јанева победи на 31 издание на Макфест со песната „За сто години“. Таа ја освои и наградата за вокална интерпретација „Драган Каранфиловски – Бојс“. Првото место ѝ донесе и 10.000 евра.

Untitled-56

Александра Јанева, на „Макфест 2016“ настапи со песната „За сто години“, чии автори се Ристо Самарџиев и Владимир Дојчиновски.

Александра беше облечена во тоалета на модна креаторка Емили Пишева Гоџирова од Струмица, а за нејзиниот изглед се погрижи стилистот Драган Гоцев- Даци.

Истиот тим го освои првото место и пред три години.

aleksandara-janeva-12

„„Врати ми го сонцето“ е композицијата која вечерва доби најмногу гласови од публиката во салата на Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Наградата ѝ беше врачена на младата Александра Јанева, која имаше одличен настап на 28. издание на Макфест. Таа се закити со плакета и 60.000 илјади денари.“, објавивме во 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top