| четврток, 6 декември 2018 |

Александра Јанева има нова песна (видео)

Поп-пејачката Александра Јанева препознатлива по својот моќен вокал и фестивалски евергрин рефрени направи целосна трансформација за новата песна „Бам бам“. Проектот е соработка со авторското дуо Марко Маринковиќ-Слаткаристика (музика и текст) и Иван Јованов (аранжман).

„Направивме фраерски проект“, искоментира пејачката на својот Фејсбук профил за првата соработка со докажаните автори.

Ова е трет сингл за струмичанката во 2017 по пауза од шест месеци од преработката на „Зошто баш ти“. Очигледно добро ја искористила паузата за на публиката да и покаже уште еден свој талент – танцувањето. Во урбаниот видео-спот таа е разиграна во друштво со Деа Антевска, Панче Димов и Бане Тодоровски од танцовите студија One Way и Break a leg. 

Видео-записот за нејзиниот нов сингл „Бам бам“ имаше онлајн промоција на бугарско-германскиот youtube к анал Facing the sun.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top