Во свој стил, и музички и моден, македонската пејачка Сара Мејс имаше еден од највпечатливите настапи на овогодинешниот „Макфест“. Како и секогаш, Сара се истакна од сите останати и со својата „Најсреќна“ влезе и во финалето на фестивалот, но не успеа да се најде меѓу трите првонаградени артисти и песни.
- Уживав на сцената на „Макфест“, каде навистина одлично се забавував и уживав додека ја интерпретирав „Најсреќна“. Целта е остварена, успеав да влезам во финалето каде заедно со моите девојки имавме можност уште еднаш пред публиката и јавноста да ја испееме песната. За време на викендот добив позитивни критики за „Најсреќна“, а јас сум навистина среќа што пред се песната веднаш беше прифатена од јавноста. Не освоивме материјална награда, ама полни ни се срцата, си поминавме многу убаво и сме најсреќни и од срце им честитаме на Александра, Симона и Антониа за освоените награди – изјави Сара.
„Најсеќна“, која според многумина ќе биде еден од македонските летни хитови, е авторско дело на Сара Мејс, која е комплетен автор на музиката и текстот, додека аранжманот го направи Бојан Трајковски.
Сепак, времето ќе покаже дали песната ќе стане хит, а овој стајлинг на пејачката веќе е.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.