
Родилката Слаѓана Димитровска од Крива Паланка, која вчера почина во болницата во Куманово, родила здраво машко бебе. Тоа е прво заедничко дете на Димитровска со невенчаниот сопруг Елвис Јусуфов. Но, судбината на новороденчето е неизвесна бидејќи таткото вели дека нема услови да го чува.
-Јас не можам да го земам бебето од болница. Не можам да го чувам. Има уште три деца што мојата сопруга ги донесе со себе. Јас нив ги чувам како мои веќе четири години. Немам услови сам да се грижам и за ова дете - изјави Јусуфов за Телеграф.
Димитровска имала две женски и едно машко дете, на возраст од 8, 10 и 14 години. Тие ќе останат со својот очув Јусуфов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)


