Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“, на 16 јуни (четврток) во 12 часот 2016 година ќе се одржи промоција на монографијата „На пат за светото место“ од проф.д-р Танас Вражиновски,издание на издавачката куќа „Силсонс“ од Скопје. На страниците од своето најново дело познатиот научник, со јазикот на фактите пишува за историјата и трагичната судбина на селото Смрдеш,родното место на славните војводи Васил Чакаларов и Пандо Кљашев. Како и бројните населени места со македонско население во Егејска Македонија и ова село за време на Граѓанската војна во Грција ќе ја доживее трагичната судбина.Денес во селото е останата само селска црква која немо сведочи за злосторствата што ги доживеа македонскиот народ во безумната граѓанска војна.
Изданието ќе го промовира проф.д-р Тодор Чепреганов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.