Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје организира промоција на поетската книга„Исповедта на сликарот“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска. Книгата е вехементна замисла да се долови животот преку животот на сликарот, но во исто време да се направи реминисценција на она што сликарот го остава зад себе. Поемата „Исповедта на сликарот“ е своевидна круна на нејзиниот поетски ангажман веќе половина век присутен во современта македонска литература.
За книгата ќе зборува академик Влада Урошевиќ а стихови ќе интерпретираатгости на авторката. Промоцијата ќе се одржи на 29ноември (четврток) 2018 година во Спомен-собата на Миладиновци во Библиотеката, со почеток во 12 часот.
Гордана Михаилова-Бошнакоскае поет, прозаист и есеист. Има објавено 11 збирки поезија и две книги проза. Нејзините песни се застапени во антологии во земјата и странство, како и во избори од нејзината поезија на македонски, албански, бугарски и англиски јазик. Добитник е на поетските награди „Браќа Миладиновци“ и „Ацо Шопов“ и носител е на признанието „Витез на македонскиот пишан збор“.Членка е на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонскиот ПЕН-центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.