| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на монографијата „На пат за свето место“ од Танас Вражиновски

Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“, на 16  јуни  (четврток) во 12 часот 2016 година ќе се одржи промоција на монографијата  „На пат за светото место“ од проф.д-р Танас Вражиновски,издание на издавачката куќа „Силсонс“ од Скопје. На страниците од своето најново дело познатиот научник, со јазикот на фактите пишува за историјата и трагичната  судбина на селото Смрдеш,родното место на славните војводи Васил Чакаларов и Пандо Кљашев. Како и бројните населени места со македонско население во Егејска Македонија и ова село за време на Граѓанската војна во Грција ќе ја доживее трагичната судбина.Денес во селото е останата само селска црква која немо сведочи за злосторствата што ги доживеа македонскиот народ во безумната граѓанска војна.

Изданието ќе го промовира проф.д-р Тодор Чепреганов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top