| четврток, 6 декември 2018 |

Антонија Блаче по операцијата: Поминаа критичните месеци

Хрватската водителка, која ја запознавме преку „Икс-фактор“, Антонија Блаче, се опоравува по оперцијата на која подлегна во април. Таа последните два месеца е посветена на своето здеравје, се одмара и практикува само здрави навики.

– Супер се чувствувам. Да чукнам во дрво, се оди добро. Поминаа критичните месеци по операцијата. Не можам да се вратам на војничкиот режим кој го сакам, но полека се враќам во форма – излјави Блаче за хрватскиот магазин „Стори“.

Водителката, која беше позната како буцка, пред учеството на „Икс-фактор“ се подложи на строга диета и изгуби двоцифрен број на килограми. Оттогаш вели внимава на својата исхрана.

– Не се тоа големи промени, но и летото доаѓа, па внимавам. За жал, не стигнувам секој ден да готвам, но се трудам секој ден да изедам барем една салата – вели таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top