По пауза од две и пол години, во Охрид се роди бебе, јави портaлот „Охрид њуз“.

Охриѓанката Марија Арнаудова утрово роди здраво женско бебе. Таа се породи со царски рез во новото гинеколошко одделение при општата болница во Охрид, кое почна да работи по пауза од две и пол години поради реконструркција на старото болничко крило.
Семејството Арнаудови веќе ја има ќерката Ана, а нејзината помлада сестра ќе се вика Мила, изјави мајката Марија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


