| четврток, 6 декември 2018 |

Судот го задржа пасошот на Шуклев

bobek suklev

Обвинителството на претходна постапка побарало да му се одземе пасошот на професорот Бобек Шуклев, а тој постојано да се јавува во судот, соопшти адвокатот на осомничениот професор за земање мито од студенти за преодни оценки на Економски факултет.

Пасошите се одземени на петмина од осомничените, кои имаат обврска еднаш неделно да се јавуваат во судот како мерка за обезбедување присуство. Другите тројца осомничени допрва ќе бидат викнати на сослушување во судот.
Шуклев прв заминал од распитот по повеќе од пет часа, а по него за околу половина час од распитот еден по еден заминале и другите во акцијата „Еразмус“. Осомничени се осум лица, шест професори, сопственик на бифе и демонстратор. Тие се осомничени дека земале мито за да пишуваат преодни оценки, но барале и сексуални услуги од студентите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top