| четврток, 6 декември 2018 |

Голем скандал го тресе светскиот фудбал пред СП: Познат судија фатен на дело како прима мито

Само неколку дена пред почетокот на Мундијалот во Русија, во јавноста се говори за  можеби најголемиот скандал во ФИФА кој сериозно ќе го наруши угледот на оваа организација. Спортски новинар, со потекло од Африка, под псевдоним Анас, буквално го потресе фудбалскиот свет.

Познатата телевизија „Би-Би-Си“ планира во наредните неколку дена да емитува неков документарен филм посветен на митото и корупцијата меѓу судиите кои ќе ја делат правдата на претстојното Светско првенство кое почнува на 14 јуни, во четврток.

Во тој сериојал ќе може да се видат повеќе познати судии фатени на дело како примаат мито. Освен судии, на снимките ќе бидат и челници на ФИФА, како и челници на некои фудбалски клубови. Меѓу ќе се најде и претседателот на фудбалската федерација на Гвинеја, кој на име мито земал сума од 60.000 долари.

Што се однесува до судиите, едно е сигурно, на снимката ќе се најде судијата Ранге Марва од Кенија, кој се наоѓа на списокот помошни судии за претстојниот Мундијал, кој е снимен како прима мито од 600 долари, но за среќа тој сам се повлече од листата арбитри. Исто така и судијата од Гамбија, Ебрима Џало е еден од судиите кој е снимен од објективот на скриената камера на вештиот репортер.

Нема сомнение дека овој серијал сериозно ќе го потресе фудалскиот свет, но и можеби ќе успеат да да ја намалат важноста на Мундијалот.

Овој серијал во својата емисија го најавија и членовите на познатото „TYT Sports“, кои сериозно се посветија на оваа тема. Како тоа изгледаше, погледнете на снимката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top