Тројца службеници во општината Нов Белград во српскиот главен град се уапсени затоа што барале 10.000 евра мито од сопственик на нелегално изграден објект кој сакал да продолжи со градежните работи.
Апсењата биле извршени откако службениците примиле 3.500 евра мито. На тројцата уапсени им бил изречен дводневен притвор, јави новинската агенција Танјуг
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.