| четврток, 6 декември 2018 |

На професорите обвинети за поткуп ќе им се суди на 26 февруари

Поради нов судиски совет во кој судиски судија е Владимир Туфегџиќ и поради отсуство на обвинетиот Драган Денковски, одложено е судењето за предметот „Еразмус”, во кој професори од Економскиот факултет се обвинети дека барале поткуп.

Предметот ќе почне од почеток, а се наоѓа во доказна постапка.

Во октомври 2016 година Обвинителството до судот поднесе обвинение против шест лица, меѓу кои поранешниот декан Бобек Шуклев, кои се обвинети дека во повеќе наврати во подолг временски период, односно во текот на 2015 и 2016 година како вработени на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела примање поткуп, примање награда за противзаконито влијание, злоупотреба на службената положба и овластување и давање поткуп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top