Директор на Универзитетската клиника за уво, нос и грло, Јане Нетковски, ѝ е познат и на пошироката јавност како познат хирург-митаџија.
Новата 2014 година докторот Јане Нетковски, од денеска директор на Универзитетската клиника за уво, нос и грло, ја пречека во домашен притвор. На 24 декември 2013 година во Билтенот на МВР беше забележано дека „Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР на РМ вчера реализираше случај на примање поткуп, за што се осомничени лицата Ј.Н. (45) од Скопје, вработен како доктор на Универзитетска клиника за уво, нос и грло во Скопје, и Н.П. (29) од Скопје со статус доктор-специјалист на истоимената клиника.“
Приведени двајца доктори за примање поткуп – барале 450 евра
Нетковски побарал 450 евра за операција на нос. Тој нос го чинеше притвор и црна дамка во кариерата, но не поголема од партиската послушност.
Иако Заев верува дека рибата смрди од опашката, практиката на СДСМ ја докажува вистинитоста на поговорката, но онака како што навистина гласи – рибата смрди од главата. Затоа не е ни чудно што на раководни позиции партијата на чиешто чело е Заев поставува докажани митаџии. Евро за Вицето – 450 за Јането.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)