| четврток, 6 декември 2018 |

Бекамови работат на петто дете – Викторија е на посебен режим на исхрана

bekam

Викторија и Дејвид Бекам се подготвуваат за принова, а познатата дизајнерка веќе ги започна првите подготовки.

Пред четири години Викторијка ја роди ќерката Харпер, а парот би сакал да има уште едно девојче.

 

Тана Ремзи, сопруга на прочуениот готвач Гордон Ремзи и пријателка на Викторија Бекам, открила дека славниот пар работи на проширување на семејството, па дизајнерката тргнала со диета со спанаќ и брокули. Таа води сметка за внес на намирници богати со фолна киселина и севкупно зајакнување на организмот за бременост.

Ако Викторија остане бремена, тоа би било петто дете во семејството Бекам. Парот ги има синовите Бруклин (17), Ромео (13), Круз (11) и ќерката Харпер (4).

bekam2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top