| четврток, 6 декември 2018 |

Лорандитот ги преокупира светските научни кругови, а го има во Македонија и во Шри Ланка

Лорандитот најмногу ги преокупира светските научни кругови, бидејќи станува збор за мошне редок минерал, за кој е утврдено дека во целиот свет го има единствено во Македонија и можеби уште во Шри Ланка.

Лоцирани се 32 минералa на талиумот, од кои 17 единствено ги има во Алшар. Во него, исто така има и злато (некои тврдат околу 20 тони, чија вредност се проценува на околу 150 милиони евра), потоа антимон, хром и бакар. Денес постои само едно отворено окно, кое се наоѓа на 25 метри во планината. Ходникот е долг 300 метри, а постои и вертикален за вентилација.

Постојат легенди за минералот лорандит кои се поврзани со Александар Македонски. Наводно, тој прв ја открил неговата моќ, па неговата фаланга ги премачкувала своите штитови со овој минерал. Во битките, кои тој ги водел секогаш точно напладне и со движење на војската од запад кон исток, се јавувал силен одблесок од штитовите кој ја заслепувал противничката војска. Со тоа и се поврзуваат успесите на Александар. Тоа, пак, се поврзува и со изгравираното сонце на нив, она од Вергина, па оттаму и култот на Македонците спрема Сонцето.

Легендата не е начуно потврдена, само се знае дека рудникот Алшар бил активен и во антиката. Имено, при ископувањата во минатиот век се најдени рударски алатки од античкиот период, што е непобитен факт дека тогаш бил активен.

Ако ова уште е мистерија сигурно не е дрвото кое вирее само на Кожув и за кои претпоставуваме не сте чуле.

Дрвото се вика Гол човек баш поради фактот што нема кора на стеблото на дрвото.Составено е само од срцевина и има боја на човечка кожа. Интересно е тоа што ова дрво ја менува својата боја. Кога сонцето изгрева стеблото му позеленува ,во текот на денот има боја на човечка кожа додека пак на зајдисонце поцрвенува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top