По речиси еднонеделна потрага, на јапонскиот остров Хокаидо е пронајдено седумгодишното момче кое исчезна минатата сабота, објавија локалните медиуми.
ДПА јави дека во потрагата учествувале околу 180 полицајци, војници и доброволци.
Јапонските патроли утринава го пронашле детето во местото Шикабе во јужниот дел од островот, шест дена откако неговите родители го загубиле во блиската шума на шест километри од гратчето.
Властите соопштуваат дека немилиот настан се случил во саботата, кога при едно семејно патување, родителите едноставно го исфрлиле од автомобилот својот непослушен син, со намера да го дисциплинираат.
Тие си заминале и по пет минути се вратиле по него, но тоа веќе било исчезнато во шумата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.