| четврток, 6 декември 2018 |

Сотир Костов: Ма­ке­до­ни­ја со сво­е­то древ­но име е бренд

Ту­ка, пред сѐ, мис­лам на брен­ди­ра­ње­то и на за­шти­та­та на ма­ке­дон­ски­от ру­бин, охрид­ски­от би­сер, ви­на­та, пи­пер­ка­та, до­ма­тот, ори­зот, па­стрм­ка­та, Охрид, Кру­ше­во, Га­лич­ник, Те­шко­то, и мно­гу дру­ги. Тре­ба мал­ку по­до­бра стра­те­ги­ја за брен­ди­ра­ње за истак­ну­ва­ње на на­ши­те на­ци­о­нал­ни вред­но­сти, кои, не­сом­не­но, ги има­ме, ве­ли Ко­стов, кој го про­мо­ви­ра­ше „Бренд кон­цепт“, кое е исто­ри­ско и пи­о­нер­ско де­ло во об­ла­ста на брен­ди­ра­ње­то, од­нос­но во на­у­ка­та што се за­ни­ма­ва со оваа об­ласт

Де­нес се­кој се сме­та за бренд, а се­ко­ја ком­па­ни­ја што ну­ди и про­да­ва не­што ка­жу­ва де­ка про­да­ва бренд, но да­ли, всуш­ност, зна­е­ме што е тоа бренд. Ова е дел од во­ве­дот на кни­га­та „Все­ле­на на брен­до­ви“ од авто­рот Со­тир Ко­стов, кој не­о­дам­на го про­мо­ви­ра­ше „Бренд кон­цепт“. Про­е­ктот го со­чи­ну­ва­ат „Тол­ков­ник за брен­динг, ад­вер­тај­зинг и пи-ар“, „Бренд кон­цеп­ти“, „Брен­динг“, „360 сте­пе­ни хо­ли­стич­ки брен­динг“, и „Все­ле­на на брен­до­ви“. Авто­рот ве­ли де­ка до­кол­ку са­ка­ме да би­де­ме ус­пеш­ни ка­ко до­ма, та­ка и на свет­ски­от па­зар мо­ра да ра­бо­ти­ме на тоа да соз­да­ва­ме брен­до­ви во ме­ѓу­на­род­ни раз­ме­ри. Про­мо­то­ри­те се сог­ла­си­ја де­ка ова е исто­ри­ско и пи­о­нер­ско де­ло во об­ла­ста на брен­дин­гот, од­нос­но во на­у­ка­та ко­ја се за­ни­ма­ва со оваа об­ласт.

Што со­др­жи про­е­ктот „Бренд кон­цепт“?

КОСТОВ: Про­е­ктот „Бренд кон­цепт“ во су­шти­на е нов на­чин на ра­бо­те­ње и на­ста­пу­ва­ње во ме­наџ­мен­тот, мар­ке­тин­гот и нај­кон­крет­но во брен­дин­гот. Овој про­ект прет­ста­ву­ва 11 го­ди­ни истра­жу­ва­ње, ана­ли­зи, ела­бо­ра­ции, про­ве­ре­ни те­о­рии, ис­пи­та­ни ме­то­ди и по­зи­тив­ни пра­кти­ки од брен­дин­гот. Тоа е сим­па­тич­на при­каз­на за брен­до­ви­те, кои го ис­пол­ну­ва­ат на­ше­то се­којд­не­вие и го соз­да­ва­ат на­ши­от стил на жи­вот. По­ве­ќе сто­ти­ци стра­ни­ци сме­сте­ни во ко­ри­ци на еден „Тол­ков­ник“ (за брен­динг, ад­вер­тај­зинг и Пи-АР) и че­ти­ри кни­ги („Бренд-кон­цеп­ти“, „БРЕН­Динг“, „360º хо­ли­стич­ки брен­динг’ и „Все­ле­на на брен­до­ви“). Тоа е са­мо пр­ви­от дел од про­е­ктот, кој е на­до­гра­ден со уба­ви­ни­те на умет­но­ста и кре­а­тив­но­ста на ди­зај­нот. Ста­ну­ва збор за умет­нич­ки де­ла – тех­ни­ка – акрил на плат­но, Бренд кон­цепт е ло­го на рач­но изра­бо­те­на хар­ти­ја, Бренд кон­цепт е дви­же­ње на умет­ни­ци и сли­ка­ри, пре­тво­ре­ни во нај­у­ба­ви ими­ња и најв­пе­чат­ли­ви фор­ми. Тоа се де­ла­та, сли­ки­те и цр­те­жи­те на сли­ка­ри­те Вла­ди­мир Тем­ков, Ива Јо­си­фо­ва, сли­кар и екс­перт за рач­но изра­бо­те­на хар­ти­ја, Ки­ре Але­кси­ев, умет­ник-ама­тер, Гор­дан Сто­ја­нов­ски, умет­ник. Бренд кон­цепт е и Ма­ке­дон­ска гра­фи­ка од 60-ти­те го­ди­ни од 20 век. Тоа се нај­у­ба­ви­те гра­фи­ки на Дра­гу­тин  – Гу­те Авра­мов­ски, Љу­бо­мир Бе­ло­га­ски, Иван – Ван­чо Ѓор­ѓи­ев, Ма­зев Пе­тар, Љу­бо­драг – Пен­кин Ма­рин­ков­ски, и дру­ги. Тоа се 24 гра­фи­ки со не­про­цен­ли­ва вред­ност и не­о­пис­ли­ва уба­ви­на. Бренд кон­цепт се и ма­гич­ни­те ди­зај­ни на на­ве­де­ни­те кни­ги. Тоа се ди­зај­нер­ска­та ал­хе­ми­ја на Дам­јан Јо­ва­нов­ски, Го­ран Јо­ва­нов, Или­ја Ле­лов – Би­ли, на Сту­дио „Ад­вер­та CS“. На крај, бренд кон­цепт е и ма­ги­ја­та на 3Д ани­ма­ци­и­те соз­да­де­на од из­во­нред­на­та Та­ња Хи­љад­ни­ко­ва.

Што е до­бар и ус­пе­шен бренд?

КОСТОВ: До­бар и ус­пе­шен бренд е не­што што има сво­ја вред­ност и пре­поз­нат­ли­вост во се­кој вре­мен­ски и про­сто­рен пре­сек. Тоа е код кој ги отс­ли­ку­ва ус­пеш­ни­от биз­нис, до­бри­те про­из­во­ди, ква­ли­тет­ни­те ус­лу­ги, из­во­нред­ни­те ор­га­ни­за­ции, по­себ­ни­те лич­но­сти, по­се­ту­ва­ни­те де­сти­на­ции и слич­но. Ус­пе­шен бренд е бренд кој мо­ти­ви­ра, пот­тик­ну­ва и прид­ви­жу­ва на ак­ци­ја, пре­диз­ви­ку­ва емо­ции и асо­ци­ја­ции, и се­ка­ко кре­и­ра до­вер­ба. Зна­чи, брен­дот не е оби­чен и ап­стра­ктен мар­ке­тинг-кон­цепт што вклу­чу­ва са­мо име, ло­го, сло­ган и ди­зајн. Брен­дот е мно­гу по­ве­ќе од тоа. Бренд е раз­ли­ка по­ме­ѓу оби­чен авто­мо­бил и мер­це­дес, по­ме­ѓу оби­чен ча­сов­ник и „ро­лекс“, по­ме­ѓу „Битл­си“ и не­ко­ја ле­ва рок-гру­па, по­ме­ѓу Ма­до­на и не­ко­ја ше­ста поп пе­јач­ка од Бу­га­ри­ја, по­ме­ѓу фил­џан обич­но ка­фе и фил­џан „стар­бакс“ ка­фе. Таа раз­ли­ка по­ме­ѓу обич­но­то и по­себ­но­то или ди­фе­рен­ци­ра­но­ста/раз­лич­но­ста по­ме­ѓу „мер­це­дес“, „ро­лекс“, „Битл­си“, Ма­до­на и „стар­бакс“ и оста­на­ти­те, се на­ре­ку­ва бренд.

sotir-kostov-1

Бренд е раз­ли­ка по­ме­ѓу оби­чен авто­мо­бил и мер­це­дес, по­ме­ѓу оби­чен ча­сов­ник и „ро­лекс“, по­ме­ѓу „Битл­си“ и не­ко­ја ле­ва рок-гру­па, вели Костов

Да­ли се­ко­ја бренд-иде­ја е прос­ле­де­на со автен­тич­на при­каз­на?

КОСТОВ: Да, се­ко­ја бренд-иде­ја, но, ус­пеш­на бренд-иде­ја, има сво­ја бренд при­каз­на. Да не за­бо­ра­ви­ме де­ка уште Пла­тон ре­кол де­ка по­за­ди се­ко­ја по­ја­ва со ко­ја се сре­ќа­ва­ме во на­ши­те жи­во­ти се на­о­ѓа иде­ја. Од дру­га стра­на зна­е­ме де­ка ние лу­ѓе­то сме вљу­бе­ни во идеи, про­е­кти и кон­цеп­ти. Ко­га ќе им се при­дру­жи­ме, до­би­ва­ме кре­а­тив­на сло­бо­да да рас­ка­жу­ва­ме при­каз­ни за нив. Та­ка се ро­де­ни иде­ја­та за из­во­нред­на­та из­вед­ба, за при­пад­но­ста кон спор­тот, нат­пре­ва­ру­вач­ки­от дух и по­бе­да­та. Тоа е иде­ја­та за „Нај­ки“. Слич­но е и со иде­ја­та за обе­ди­не­ти­те бои на све­тот – иде­ја­та за брен­дот „Бе­не­тон“. Ту­ка е и иде­ја­та за кре­а­тив­на по­себ­ност, ди­зајн и ар­ти­зам, во­об­ли­че­на во поз­на­та­та и по­пу­лар­на „Ап­со­лут“ во­тка. Да не ги за­бо­ра­ви­ме за­бав­на­та иде­ја ко­ја ‘„да­ва крил­ја’’ – иде­ја­та за „Ред бул“, „Вир­џин“, ка­ко иде­ја што осво­ју­ва со ср­це, и иде­ја ко­ја е спро­тив­ста­ве­на на естаб­лиш­мен­тот и кон­вен­ци­о­нал­но­ста и иде­ја­та за по­вр­зу­ва­ње на лу­ѓе – „Но­киа“. Си­те овие идеи се рас­ка­жа­ни на пре­кра­сен на­чин, на на­чин што прив­ле­ку­ва – со бренд при­каз­ни. Тие при­каз­ни не се ни­што дру­го ту­ку су­шти­на­та на брен­дот, ис­пи­ша­ни­от ма­ни­фест, прет­ста­ве­на­та пла­тфор­ма.

Што е брен­дот за ед­на ком­па­ни­ја?

КОСТОВ: Брен­дот за ед­на ком­па­ни­ја, а и во­оп­што, е до­да­де­на­та вред­ност, до­би­е­на со брен­ди­ра­ње­то, иска­жа­но со ја­зи­кот на вред­нос­ни­от си­стем, но и ја­зи­кот на еко­но­ми­ја­та, на фи­нан­си­и­те, на па­за­рот. Ина­ку, во тој про­цес на брен­ди­ра­ње, ме­та­фо­рич­но ка­жа­но, брен­дот е ре­зул­тат на ра­бо­те­ње на ми­кро­ско­пи и те­ле­ско­пи. Со ми­кро­ско­пи­те се истра­жу­ва (па­зар, пуб­ли­ка, кон­ку­рен­ци­ја), а со те­ле­ско­пи­те се пред­ви­ду­ва­ат ид­ни­те на­со­ки на од­не­су­ва­ње, трен­до­ви­те, сти­ло­ви­те на жи­вот. Ос­нов­на и нај­важ­на ра­бо­та е да се соз­да­де зна­че­ње, да се кре­и­ра про­из­вод и да се по­ну­ди ус­лу­га, што жи­во­тот го пра­ват по­у­бав, по­ве­сел, по­сре­ќен и по­вре­ден.

Про­е­ктот со­др­жи тол­ков­ник, ад­вер­тај­зинг, бренд-кон­цеп­ти и хо­ли­стич­ки брен­динг. Што е хо­ли­стич­ки брен­динг?

КОСТОВ: Да, про­е­ктот со­др­жи, еден тол­ков­ник и че­ти­ри кни­ги. Ед­на од нив е и кни­га­та „360º хо­ли­стич­ки брен­динг“. Во оваа кни­га се оби­дов да ви го прет­ста­вам и об­јас­нам брен­дин­гот ка­ко со­вре­мен хо­ли­стич­ки фе­но­мен. Тоа е брен­динг кој ве­ли де­ка ‘’Се е важ­но!’’ во про­це­сот на соз­да­ва­ње ус­пеш­ни и моќ­ни брен­до­ви. Ина­ку, „360° хо­ли­стич­ки брен­динг“ е кни­га за по­бед­ни­ци. Кни­га ко­ја ви да­ва зна­е­ње и ве учи на умеш­но­сти, од об­ла­ста на брен­дин­гот, кои се клуч за ус­пех на по­е­дин­ци, ор­га­ни­за­ции и це­ли за­ед­ни­ци (гра­до­ви, ре­ги­о­ни и др­жа­ви). Кни­га­та ви го по­ка­жу­ва па­тот по кој тре­ба да оди­те и на­со­ка­та спо­ред ко­ја тре­ба да се дви­же­те во про­це­сот на­ре­чен брен­динг. Та­ка, „360° брен­динг“ е це­ло­сен си­стем за хо­ли­стич­ки брен­динг. Во тој си­стем се­кој кон­кре­тен ас­пект на брен­ди­ра­ње­то мо­ра нај­пр­вин да би­де це­лос­но ос­мис­лен и раз­ра­бо­тен, а по­тоа усог­ла­сен со оста­на­ти­те ас­пе­кти и чи­ни­те­ли. Брен­до­ви­те се моќ­ни не са­мо за­тоа што има­ат моќ во де­лот на се­кун­да­та да су­ге­ри­ра­ат ши­рок спе­ктар атра­ктив­ни вред­но­сти и ква­ли­те­ти кои ги по­се­ду­ва про­из­во­дот или ус­лу­га­та, ту­ку и за­тоа што ни по­ма­га­ат да на­пра­ви­ме ви­стин­ски из­бор.

sotirbrending

Има ли Ма­ке­до­ни­ја на­ци­о­на­лен бренд?

КОСТОВ: Ма­ке­до­ни­ја има мно­гу брен­до­ви. Тие се го­ле­ми и ма­ли; ус­пеш­ни и по­мал­ку ус­пеш­ни; нај­по­ве­ќе  до­маш­ни, не­што по­мал­ку ре­ги­о­нал­ни, а има и со ме­ѓу­на­ро­ден ка­ра­ктер,  а мис­лам и таа са­ма­та со сво­е­то древ­но име Ма­ке­до­ни­ја, кул­ту­ра­та, исто­ри­ја­та, умет­но­ста, при­род­ни­те уба­ви­ни, и на­ро­дот со топ­ла ду­ша и отво­ре­но ср­це, и са­ма­та е бренд. Мо­же­би мал­ку по­ве­ќе тре­ба да по­ра­бо­ти на мар­ке­тин­гот и на пла­си­ра­ње­то на си­те овие вред­но­сти на свет­ски­от па­зар. Ту­ка пред се мис­лам на брен­ди­ра­ње­то и за­шти­та­та на ма­ке­дон­ски­от ру­бин, охрид­ски­от би­сер, ви­на­та, пи­пер­ка­та, пат­ли­џа­нот, ори­зот, пастм­ка­та, Охрид, Кру­ше­во, Га­лич­ник, те­шко­то, и мно­гу дру­ги. Тре­ба мал­ку по­до­бра брен­динг стра­те­ги­ја за истак­ну­ва­ње на на­ши­те на­ци­о­нал­ни вред­но­сти кои не­сом­не­но ги има­ме.

На про­мо­ци­ја­та нај­а­ви­вте де­ка под­го­тву­ва­те бренд-ен­цик­ло­пе­ди­ја. Мо­же ли да ни ка­же­те не­што по­ве­ќе за тоа? Што ќе со­др­жи ен­цик­ло­пе­ди­ја­та и ко­га ќе из­ле­зе во пе­чат?

КОСТОВ: Тоа е след­ни­от про­ект, кој е про­дол­же­ток на „Бренд кон­цепт“. Ра­ска­жу­ва­ње и про­мо­ви­ра­ње на 20 ус­пеш­ни бренд при­каз­ни од Ма­ке­до­ни­ја. Тоа се бренд при­каз­ни­те за Скоп­ски­от џез Фе­сти­вал и Оли­вер Бе­ло­пе­та, за Си­мон Трп­чев­ски, То­ше Про­е­ски, Ма­њи­фи­ко, Ес­ма Ре­џе­по­ва, „Ал­ка­ло­ид“,  Ша­бан Тр­сте­на, Ша­бан Се­и­диу, Вла­тко Сте­фа­нов­ски и „Леб и сол“ и за­се­га тол­ку. По­ве­ќе на кра­јот од го­ди­на­та, или по­че­то­кот на след­на­та ко­га про­е­ктот ќе го про­мо­ви­ра­ме.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top