| четврток, 6 декември 2018 |

Чешкиот претседател Земан во јуни ќе ја посети Македонија

Чешкиот претседател Милош Земан на почетокот на јуни, ќе ја посети Македонија, информираше портпаролот Јиржи Овчачек соопштувајќи ја годинашната агенда на шефот на чешката држава.

34851

Чешкиот претседател Милош Земан на почетокот на јуни, ќе ја посети Македонија, информираше портпаролот Јиржи Овчачек соопштувајќи ја годинашната агенда на шефот на чешката држава.
Патувањето во Скопје, како што јави дописникот на МИА од Прага, ќе биде меѓу 8 и 10 јуни и една од главните теми при посетата ќе биде миграциската криза.

– Преку македонската граница со Грција во изминатиот период поминаа илјадници бегалци. Според тоа, може да се претпостави дека ќе се дискутира за миграциското прашање при заедничките средби во Македонија, рече Овчачек.

Инаку Земан е против доаѓањето на муслиманските емигранти во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top