е
Францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Еро изутринава изјави дека нема апсолутно никакви индикации за причините за вчерашната несреќа на египетскиот авион.
-Египетските власти соопштија дека постои можност причина за падот на авионот да е терористички напад. Се разгледуваат сите хипотези, но ниту една не преовладува бидејќи немаме апсолутно никакви индикации за причините – рече Еро за телевизијата „Франс2“.
Еро за утре свика средба со семејствата на патниците и претставници на државата со цел да се „добијат целосни и транспарентни имформации“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.