| четврток, 6 декември 2018 |

Еро: Засега нема индикации за причините за уривањето на египетскиот авион

еero

Францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Еро изутринава изјави дека нема апсолутно никакви индикации за причините за вчерашната несреќа на египетскиот авион.

-Египетските власти соопштија дека постои можност причина за падот на авионот да е терористички напад. ­ Се разгледуваат сите хипотези, но ниту една не преовладува бидејќи немаме апсолутно никакви индикации за причините – рече Еро за телевизијата „Франс­2“.

Еро за утре свика средба со семејствата на патниците и претставници на државата со цел да се „добијат целосни и транспарентни имформации“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top