| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на „Книжевни разговори“ со Елена Пренџова

Градкста библиотека „Браќа Миладиновци“ организира промоција на Книжевни разговори со Елена Пренџова. Средбата ќе се одржи на  19 мај (четврток) 2016 година, со почеток во 18.30 часот, во спомен – собата на Миладиновци во Библиотеката. На средбата ќе се разговара за актуелните состојби во македонската книжевост за статусот и вреднувањето на младите писатели. Разговорите ќе ги води Братислав Ташковски.

Елена Пренџова е автор на шест поетски книги. Како поетеса е присутна на книжевната сцена од 2006 година кога ја објавува својата прва збирка поезија „Јас“. Потоа ги објавува кигите „Таа“, „Пораки од Морето“, „Живот под ѕвездите“, „Љубољубна“ и „Политички коректна поезија“. Активно објавува во македонската и странска периодика а нејзината поезија е преведена на албански, босански, бугарски, српски, украински и хрватски јазик. Добитник е на неколку награди и признанија, меѓу кои и на наградата „Даница Ручигај“ на Друштвото на писателите на Македонија.

За нејзината поезија професорката Кристина Николовска ќе напише: „ Иновација, свежина, нова крв, поетска енергија, ведрина – тоа се поетолошките адути на поетесата. Пренџова ужива во графеменските потенцијали на формата…“

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top